еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски по повод „Скопје прајд 2022“: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

По повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, претседателот Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови“.

– Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници.

„Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка, додава претседателот.

Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање.

– Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани, порача претседателот Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа

Редакција

Собранието треба да расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Редакција

Руска сајбер шпионка роварела во Македонија по кумановските настани

Редакција