еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендиков ќе добие и стипендија за студии, откако бугарската држава му даде стан и обезбедување

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска беше во посета на Македонија и во амбасадата на Бугарија се сретна со претставници на бугарските здруженија.

Јотова уште еднаш порача дека „Софија нема да направи отстапки за договорите со Скопје.“

„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, нема да има ниту педа напредок во преговорите на Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на Европската комисија со кои ќе се почнат вистинските преговори,“ рече таа, пренесуваат бугарските медиуми.

Во врска со Христијан Пендиков, бугарската потпретседателка најави дека покрај станот и обезбедувањето, бугарската држава ќе му овозможи и студирање во Софија.

„Сакаме оваа есен да почне да студира во Бугарија, да го заврши високото образование, а бугарската држава ќе направи се за него,“ изјави Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Редакција

„Староседелецот“ Симон Поликарп меѓу штипјани познат како Џими еден од кандидатите за градоначалник на Штип

Редакција

Петти роман на Јован Илиески „Соба 610“: Колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос?

Редакција