еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Петти роман на Јован Илиески „Соба 610“: Колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос?

Во издание на „Култура“ излезе петтиот роман на младиот автор Јован Илиески, „Соба 610“.

„Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив? Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат по изминати триесет часа.

Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, се’ додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата.

По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста.

Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт, кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, а најмногу со нејзиниот. На крајот, колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос,“ се вели во сижето за книгата.

Во краток разговор за „еМагазин“, Илиески вели дека овој роман го пишувал речиси пола година, но долго време пред тоа го процесирал во умот.

„Навистина, ми требаше да склопам една ваква приказна каде што ќе ја доловам и важноста на психотерапијата за вакво хаосно општество во кое живееме. Над тоа, приказната ја украсив со елементи на мистерија и трилер. За овој роман ми беше потребно, можеби не најмногу време, ама најголем фокус на ликовите.

По комплексно нешто не сум напишал до сега и ова беше и нов предизвик за мене. Секој лик има своја приказна. И она што најмногу и мене ме фасцинира е како самите ликови на читателот му прават експлозија додека го чита делото.

Хероината во романот носи име – Алесандра Парижи. Главното дејство се случува во Верона и книгата мора да ја прочита секој кој што е љубител на напрегнати трилер и неизвесност до крај. Веќе ми стигаат пораки на читатели дека книгата не ги оставила да заспијат, во буквална смисла на зборот,“ вели Илиески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Македонија не треба да ѝ се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, изјави Милановиќ

Редакција

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

15 години Златна книга

Редакција