еМагазин
Македонија

Пет нови случаи на Ковид-19 во Пијанечко-Малешевскиот регион

Пет нови случаи на Ковид-19 денеска се регистрирани во Пијанечко-Малешевскиот регион. Во Делчево, како што информираа надлежните од Здравствен дом, новите случаи се резултат на контактите од првично позитивните кои беа регистрирани минатиот четврток.

„Се работи за четири нови активни случаи во Делчево. Истите се од семеен кластер, чиј прв случај се појави минатиот четврток, како и едно лице вработено во јавна институција.

Се уште се очекуваат резултати за дел од тестирањата на лицата кои имале контакти со првозаболените.

Тие се во добра состојба и им посакуваме побрзо оздравување“, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Во Берово, како што информираа здравствените надлежни, има еден нов регистриран случај од Ковид-19.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца мажи и две жени за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Редакција

Убава вест: 48 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција