Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, Пивофест ќе се одржи од 1 до 3. септември, информираа од Општина Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Програма и цени на пивото и скарата на Пивофест, кој синоќа почна во Прилеп
-Фестивалот на пивото и скарата, Пивофест 2023 или како што е насловен оваа година „Prilep Beer Weekend“, под покровителство на Општина Прилеп, а во организација оваа година на „Event Group”, со поддршка на пиварите, угостителите, бизнис секторот и прилепската чаршија, ќе се одржи од 1 до 3. септември, информираа од таму.
-Програмски, во музичко- забавниот дел, ставаме акцент на домашната сцена, за кои што изведувачи дополнително ќе ве информираме, а што се однесува до изведувачите од регионот, тие се веќе познати: Аца Лукас, Тропико бенд, “Hurricane”, Тијана еМ…, информираа од „Event Group”.
Локацијата за „Prilep Beer Weekend“ останува иста како и секогаш, во центарот на Прилеп.