еМагазин
Image default
Локално

Детали за починатиот маж пронајден кај Канео

Планинската спасителна служба (ПСС) примила дојава од страна на СВР Охрид, за случена несреќа на карпест и тешко пристапен терен во месноста „Лабино”. Станува збор за починатиот маж кој беше пронајден кај Канео.

Шестчлена екипа од ПСС, веднаш пристигнала на местото на несреќата, но за жал, поради тежината на падот и сериозноста на повредите, било невозможно да се направи било што за да се спаси животот на настраданото лице.

„По пад од голема висина, телото на настраданиот се наоѓаше во близина на езерската површина, каде со поддршка од пловен објект на граничната полиција, смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош по што беше спроведена соодветна увидна постапка за утврдување на причините за падот,“ велат од ПСС при Црвен крст Охрид.

ПСС при Црвен крст Охрид жали за немилиот настан и апелира до сите љубители на природата, да бидат особено внимателни, кога се движат на карпест и стрмен терен, каде поради ниските температури има појава на голомразица и постои опасност од подлизнување, со можност за сериозни последици.

фото: ПСС/Црвен крст Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, вработените ќе штрајкуваат

Редакција

Руски рулет во гостиварско: Во еден ден откриени 17 неисправни возила кои вршат јавен превоз

Редакција

Две лица тепале скопјанец на улица „Бутелска“

Редакција