еМагазин
Image default
Балкан

Плажите не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад, вели албанскиот претседател Мета

Албанскиот претседател Илир Мета побара целосна истрага за околностите и причините поради кои се случи, четири лица да бидат убиени, а двајца да бидат повредени во приморското место Велипоја, на северот на Албанија.

„Конфликтите со огнено оружје кои се случуваат на јавни места и во текот на туристичка сезона, ги загрозуваат животите и здравјето на граѓанитe, а ја нарушуваат и сликата за Албанија на домашните и странските туристи.

Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад. Јавниот ред и мир се сериозно нарушени и бараат нови ефективни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните,“ вели Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица убиени и двајца ранети во престрелка во Албанија, поради поделба на плажа на приморјето

Фото: Фејсбук/Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во дискотека нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ, бил евакуиран со солзавец

Редакција

Пронајдено четврто тело на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Редакција

Пратеник од партијата на Кирил Петков ги бара од Македонија моштите на Цар Самоил кои се во Грција

Редакција