еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) По 22 дена на Инфективна клиника, потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република си оди дома

Излекуван е потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република и беше транспортиран во земјава и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, објави на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник, кој во Централноафриканската република заболе од Ковид-19. По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него,“ напиша Шекеринска на својот ФБ профил.

Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

„Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме,“ пишува Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од Африка во Скопје пристигна потполковникот заразен со Ковид-19

Потполковник на АРМ сомнителен на јужноафриканскиот сој на Kовид-19, од мисијата ќе биде префрлен на Инфективна клиника

Фото: Фејсбук/Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Градоначалничката на Битола со стој на глава отвори училишна сала

Редакција

Нова промотивна понуда од Мтел – втор СТБ уред за сите нови претплатници на Плус пакетот на Мсат

Редакција

(Видео) AVON лансира два фантастични новитети за да го одбележи 15-годишниот јубилеј од постоењето на својот најпознат мирисен бренд ТТА

Редакција