еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

По 27 години брак: Се разведува Бил Гејтс

Една од главните вести во светот денеска е информацијата дека по 27 години брак се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс.

Двајцата на социјалните мрежи соопштија дека се разведуваат, но дека ќе продолжат да работат заедно во фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни фондации во светот.

„Воспитавме три неверојатни деца и изградивме Фондација што работи низ целиот свет за да им овозможиме на сите луѓе да водат здрав и продуктивен живот.

Бараме простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да се движиме низ овој нов живот“, велат тие во изјавата и додаваат:

“По многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да му ставиме крај на нашиот брак… Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи“, соопштија тие.

Тие имаат три деца – Џенифер, Фиби и Рори Гејтс.

Фото: Фејсбук/Гејтс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Оливер Спасовски, старо-новиот министер за внатрешни работи

Редакција

„ЈУ-БАЈ 2“ го доби тендерот на Град Скопје за финална изградба на бул. Никола Карев вреден 2,6 милиони евра

Редакција

Секогаш зависи од која перспектива гледате: Ковачевски за песимизмот на Црвенковски за ЕУ

Редакција