Во 11-то коло на Лото 7 се радувавме за 7-ка вредна 27.385.728 денари која „падна“ во Кочани. Наредното коло, 12-то, донесе ново изненадување. Овој пат, главниот збор го имаше играта Џокер, информираат од Државна лотарија.
Премијата изнесува 851.772 денари, а отиде во рацете на семејството Јанкулоски од Крушево кои денес ги посетија просториите на Државна лотарија.
-Во убаво расположение, среќниот добитник, Коле Јанкулоски, за себе ни раскажа дека редовно игра Лото 7 години наназад. Секогаш уплаќа по две комбинации Лото и еден Џокер број.
Коло 12 од Лото 7 кое се емитуваше во сабота, на 12 февруари, Коле го проследил во домашна атмосфера со сопругата. Возбудата почнала да расте кога Коле забележал дека петте извлечени броеви се редоследно токму од неговиот Џокер број.
На прашањето од сопругата што се случи со шестиот број, Коле одговорил: „Сега ќе кажат дека Џокерот падна во Крушево“.
Коле е вработен во Ј.П Комуна во Крушево веќе 8 години. Има два сина, Стефо и Петар кои ги запознавме кога ја потврдивме и исплативме премијата. Средствата од добивката ќе бидат наменети за нив, а нивниот татко вели дека ќе продолжи да игра и понатаму по истиот принцип, две комбинации Лото и еден Џокер број, информираат од компанијата.
Добитниот Џокер број е уплатен во продажното место Тобако „Цукмар“ во Крушево.
-Пораката на сите оние на кои се насмеала среќата е речиси иста – уплатете Лото и Џокер, затоа што никогаш не се знае кога среќата ќе се насмее, велат од компанијата.
Џокер премијата за наредното коло изнесува 600.000 денари.
Лото 7 премијата е 7.000.000 денари.