еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

Екипата на македонскиот документарец „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи на седница Владата.

За одлуката на Фејсбук синоќа информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска.

– Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени.

Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди! , напиша Ангеловска.

„Медена земја„ постигна историски успех. За прв пат македонски филм беше номиниран во две категории за престижниот Оскар.

Исто така за прв пат документарец беше номиниран и во категоријата за интернационален филм.

За жал не освои статуетка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како се роди „Медена земја“

„Атиџе е нашиот Оскар“: Твитер реакции за „Медена земја“ и Оскарите

(ВИДЕО) Атиџе прекрасна: Како изгледаше екипата на „Медена земја“ на Оскарите

Фото: Фејсбук/Медена земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка Скопје

Редакција

ЕВН новогодишната забава ја посвети на починатиот колега Атанас Ковачевски

Редакција

Како идеја се претвори во успешна хуманитарна акција: Се подготвува испорака на 20.000 визири на МВР и АРМ, до сега се поделени 10.000 на здравствените работници

Редакција