еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Нашиот Џамбо Агушев правеше музика за филм на режисерот на „Паразит“, кој собра 4 Оскари

На малкумина во Македонија им е познат фактот дека нашиот музичар, струмичанецот Џамбо Агушев пред неколку години работел на музиката за филмот „Окја“ на јужнокрејскиот режисер Бонг Џун Хо, авторот на филмот „Паразит“, кој стана првиот странски филм која го доби престижниот Оскар за филм на годината.

Паразит освои уште три Оскари, во категоријата интернационален филм, каде го победи нашиот “Медена земја“, за оргинално сценарио и режија.

Во филмот „Окја“ често можете да ги слушнете звуците на трубата на Агушев (види видео).

Posted by Cambo Agusev on Вторник, 04 јули 2017

 

“Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни, судејќи по аплаузот. Тоа е гордост за мене и мојот оркестар “Џамбо Агушеви“, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“, напиша тогаш Џамбо на својот Фејсбук профил.

Фото/видео: Фејсбук/Агушев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен не бил консултиран за измените на Кривичниот законик

Редакција

Ќе се замрзнат и цените на тестенините и млечните производи, владина одлука се очекува денеска

Редакција

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите

Редакција