еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

По Крим, Русија наскоро ќе ги припои и самопрогласените републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ

Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер.

– Според најновите извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), истакна Карпентер во Вашингтон.

Како што додаде тој, во извештаите се наведува дека, потоа, Русија има во план да организира референдуми во средината на мај, јави Би-Би-Си.

Рускиот претседател Владимир Путин годинава ја призна самопрогласената независност на ДНР и на ЛНР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На малиот Виктор Видоевиќ му се потребни 20.000 евра за лекување

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 108 акции на ОКТА

Редакција

(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете

Редакција