еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина актерот Данчо Чевревски: Ни остави незаборавни улоги

Еден од најпознатите македонски актери и продуценти Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери.

Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои: „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“…

Добитник е на повеќе награди.

Фото: Астерфест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.320 случаи на Ковид-19 од 4.174 тестирања

Редакција

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

Редакција

Убава вест: Оздравени 148 болни од Ковид-19

Редакција