еМагазин
Свет

Почина докторот кој го лекуваше Алексеј Навални по неговото труење

Почина докторот кој го лекуваше рускиот опозиционер, Алексеј Навални, во болницата во Омск по неговото труење, пренесоа агенциите.

Од болницата соопштија дека Сергеј Максимишин, кој бил заменик-шеф на болницата, починал на 55-годишна возраст.

Навални беше примен во одделот за итни случаи во болница во Омск минатото лето.

Леонид Волков, шеф на кабинетот на Навални, потврди дека Максимишин бил одговорен за лекување на опозицискиот лидер.

„Сергеј Максимишин беше шеф на одделот каде се лекуваше Алексеј Навални и беше одговорен за неговото лекување, особено за да ја следи неговата медицински предизвикана кома.

Тој знаеше повеќе од кој било друг за состојбата на Алексеј, па не можам да ја исклучам можноста дека ова е кривично дело“, изјави Волков.

Тој изрази сомнеж дека ќе има истрага за неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот опозиционер Алексеј Навални осуден на затворска казна од 2 години и 8 месеци

(ВИДЕО) Масовни протести во Москва за ослободување на Навални, уапсени над 1.000 лица

Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 15 илјади лица исчезнати во војната во Украина, велат од Меѓународната комисија за исчезнати лица

Редакција

Заразените со корона вирусот може да не го вратат сетилото за мирис

Редакција

Бекам и го остапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

Редакција