еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Масовни протести во Москва за ослободување на Навални, уапсени над 1.000 лица

Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Протестите, кои се забранети од руските власти, беа организирани во повеќе градови низ Русија, а некои медиуми наведуваат дека се уапсени околу 1.090 луѓе, меѓу кои и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.

Полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.

Над 200 демонстранти се приведени во рускиот Далечен исток и во Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 луѓе се уапсени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Навални објави афера за „Палатата на Путин“ вредна 1,3 милијарди долари

(ВИДЕО) Рускиот опозиционер Навални уапсен откако слета во Москва, остри реакции од Европа и САД

Навални, најголемиот политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, е уапсен на 17 јануари при враќањето од Германија на аеродромот Шереметјево во Москва, каде што пет месеци се лекувал од труење со нервни агенси.

Уапсена и сопругата на Навални

Јулија Навални, сопругата на Навални, објави дека е уапсена на антивладиниот протест во Москва, кој се одржа на повик од нејзиниот сопруг.

– Извинете за лошиот квалитет. Многу е слаба светлината во полициското комбе, напиша таа на Инстаграм покрај фотографија, откако илјадници приврзаници на Навални се приклучија на националните протести против Кремљ.

МИА/Фото: Фејсбук/Навални/видео: Твитер/Alec Luhn

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот во „Треска“ локализиран, според градоначалничката Арсовска најверојатно бил подметнат

Редакција

„Е па дечки това е, Корона нема, наздравје бричење„: Твитер реакции за новиот раст на заразени со корона вирусот

Редакција

Раководител во Водостопанство осомничен за примање поткуп од 6.000 евра

Редакција