еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Рускиот опозиционер Навални уапсен откако слета во Москва, остри реакции од Европа и САД

Рускиот опозиционер Алексеј Навални откако синоќа слета на московскиот аеродром Шереметјево е задржан во притвор.

Навални и покрај предупредувањето дека ќе биде затворен, вчера полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен, бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886).

Авионот со кој патуваше Навални наместо на Внуково слета на аеродромот Шереметјево.

Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.

Европа и САД „на нозе“ по аспењето на Навални

Апсењето на Алексеј Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повикувајќи на итно ослободување на опозиционерот.

Дипломатот број еден на ЕУ, Жозеп Борел ги повика руските власти да ги почитуваат правата на Навални и исто така побара итно ослободување. Борел додаде дека политизацијата на судството е неприфатлива.

Џејк Саливан, иден советник за национална безбедност во администрацијата на идниот американски претседател Џо Бајден, исто така, побара итно ослободување на Навални.

Министерството за надворешни работи на Австрија изрази загриженост во врска со притворот на Навални. Во соопштението се повикува на итно ослободување и целосна и независна истрага за обидот за атентат врз неговиот живот.

Полскиот премиер Матуш Моравјецки го нарече притворот на Навални уште еден обид за заплашување на демократската опозиција во Русија и додаде дека е неопходен брз и недвосмислен одговор од ЕУ. Моравецки потсети дека почитувањето на правата на граѓаните е камен-темелник на демократијата.

Чешкиот министер за надворешни работи Томас Петаржичек изјави дека има намера да го извести Советот на ЕУ за притворот на Навални. Тој ќе инсистира ова прашање да биде разгледано на следниот состанок на Советот на ниво на министри за надворешни работи.

Дипломатот број еден на Словачка, Иван Корчок, рече дека местото на Навални не е во затвор, туку на политичката сцена, како учесник во слободно и безбедно политичко натпреварување.

МИА/фото/видео: Твитер/Кира Ярмыш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа Охрид во новогодишно руво

Редакција

(Видео) Новата реклама на „Самсунг“ со музика од македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика „Филтер Лабел“

Редакција

„Пелистер“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК „Битола“ вреден 6,2 милиони евра

Редакција