еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Навални објави афера за „Палатата на Путин“ вредна 1,3 милијарди долари

Руската антикорупциска фондација на опозицискиот лидер Алексеј Навални денеска објави афера во која е инволвиран рускиот претседател Владимир Путин, на само еден ден по апсењето на Навални, пренесува Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Рускиот опозиционер Навални уапсен откако слета во Москва, остри реакции од Европа и САД

Во аферата именувана како „ Палатата на Путин“ се тврди дека луксузна палата изградена на заливот на Црното Море наменета за рускиот владетел чини 1,3 милијарди американски долари, а зафаќа простор од 17 илјади хектари.

Во извештајот е наведено дека во луксузниот имот е вклучена црква од 2,5 илјади метри квадратни, стаклена градина, амфитеатар, неколку станбени згради и „специјален тунел“ што води до брегот.

Во самата палата се вклучени домашно кино, лоби со бар, казино и сала со автомати и базени.

„Ова е една од најдобро чуваните места во Русија и ова е најголемата тајна на Путин, која е заштитена од стотици, па дури и илјадници непознати луѓе во Русија, “ вели Навални како наратор на почетокот од двочасовното видео објавено на Јутјуб:

Фото/видео:Алексей Навальный

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на цевки вреден 479.000 евра

Редакција

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Редакција