еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Раководител во Водостопанство осомничен за примање поткуп од 6.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „примање поткуп“.

-Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на Македонија во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, информираат од Јавното обвинителство.

Од оштетено лице од Крива Паланка, како што е наведено во соопштението, тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

-Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра.

Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​ 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И големите маркети се надеваат на помош од државата, бидејќи сметките за струја им биле шест пати повисоки

Редакција

Сите 19 деца во масакрот во училиштето во Тексас загинале во една училница

Редакција

Проф. Трајковски: Ниту една земја нема да биде поштедена од новите потсоеви BA4 и BA5 на омикрон сојот

Редакција