еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сите 19 деца во масакрот во училиштето во Тексас загинале во една училница

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во масакр во основно училиште во јужен Тексас биле во една училница за четврто одделение каде напаѓачот се забарикадирал, соопшти полицијата.

– Полицијата го опколи основното училиште Роб во Увалде, Тексас, кршејќи ги прозорците во обид да ги евакуира децата и персоналот, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, Крис Оливарез.

Полицајците потоа насила влегле во училницата и го убиле напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Салвадор Рамос.

Убиството на 19 деца и двајца наставници во основно училиште во Јужен Тексас поттикна повик за акција од американскиот претседател Џо Бајден – ги повика Американците да се соочат со лобито за оружје во земјата и да го притиснат Конгресот да ги заостри законите за оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 18-годишник уби 19 деца и двајца возрасни во основно училиште во Тексас

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 почна 42-годишна докторка од Кумановската болница, била примена со ниска статурација, а имала и хронични заболувања

Редакција

СЗО препорача државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување поради Ковид-19

Редакција

Хамас држи од 200 до 250 заложници, бара ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори

Редакција