еМагазин
Image default
Локално

Граѓаните ќе може да ја видат опремата на АРМ која ќе биде дел од големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“

Утре (21.05.2023 година), во Куманово, на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во периодот од 11 до 14 часот, ќе се реализира отворена приказ на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на  големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“), информираат од Министерството за одбрана.

Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила и опремата кои се користат од страна на Армиите на Соединетите Американски Држави и на Македонија.

На приказот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Вежбата „Immediate Response 23“ која ќе отпочне од 22.мај ќе биде најголема реализирана вежба во Македонија, оваа година со учество на армии на четири НАТО земји и една партнерска земја: Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора, како и земја партнер на НАТО – Косово, со вкупно околу 1.850 учесници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба во Европа, „Defender Europe 23”

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со влекач „Сканиа“ ја „реновирал“ кабината на патарината кај Градско и побегнал

Редакција

Избегната трагедија: Пожарникари извлекуваа возач од превртено возило

Редакција

Малолетници со ножеви повредиле тројца на прославата на ДУИ на плоштадот „Скендербег“

Редакција