еМагазин
Image default
Локално

Угина една од жирафите во Зоолошката градина: Тага по миленикот Тобого

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого, објавија од скопската Зоолошка градина на нивниот Фејсбук-профил.

„Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.

Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување

Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напишаа од Скопје ЗОО.

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измамник им земал по 400 евра за работна виза за Германија

Редакција

Тепачка на Кејот во Охрид за паркинг место

Редакција

Куманово полека се враќа во нормала: Почнаа да работат пазарите

Редакција