На 81-годишна возраст вчера почина британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд.
Кралицата на панк-стилот, починала мирно во кругот на своето семејство во Лондон, стои во објавата на социјалните мрежи.
Родена е во Тинтвистл во 1941 година, а во 1960-те години со своите иновации во модниот свет направи големи промени.
Вествуд посебно дојде до израз на модната сцена во 1970-тите, со нејзините андрогини дизајни, маици со слоган и пркосен однос кон естаблишментот.
Таа беше позната и како голем активист и на модната писта, посебно во борбата против климатските промени.
Photo: Juergen Teller/Фејсбук/Вивиен Вествуд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.