Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Портјанко ненадејно почина на 38-годишна возраст.
Портјанко во Македонија пристигна во 2003 година кога потпиша да игра во редовите на Кометал Ѓорче Петров, а играше и за македонската репрезентација.
Кариерата ја градеше и во европски клубови по што се врати во Македонија и го носеше дресот на ЖРК Вардар.
Портјанко основа семејство во Македонија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.