еМагазин
Image default
Македонија

Лични карти ќе може да се подигнат и вo сабота и на денот на изборите во недела

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат в недела, 17 октомври, Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16 октомври, сабота, ќе работат на прием на барања и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ в сабота ќе работи на прием на барања и на издавање лични карти во редовното работно време, од 8 до 16 часот.

В недела, пак, на денот на изборите сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните, со работно време од 7 до 19 часот.

Во истото време ќе работат и дисперзираните пунктови во Скопје: Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов: Владеачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот

Редакција

Официјален Париз: Следните денови ќе бидат одлучувачки за отворање на преговорите со Македонија

Редакција

(Фото) Ковачевски се сретна со синот на Сорос

Редакција