Српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски почина во неговиот дом, објавија српските медиуми.
Тие јавуваат дека екипа на Итна помош била повикана откако се влошила здравствената состојба на пејачот, но не успеала да го реанимира.
Тој подолг период имал нарушено здравје и не излегувал од дома поради пандемијата од Ковид-19.
Џеј Рамадановски е роден во Белград на 26 мај 1964 година и имаше 56 години.
Фото: Фејсбук/Рамадановски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.