еМагазин
Image default
Бизнис

Почна изградбата на „Штип Сити мол“: Инвестиција на фирмата „Дик Фагус“ од 10 милиони евра и над 250 вработени

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“, кај новиот Аква парк. Инвестицијата е 10 милиони евра на фирмата „Дик Фагус“ од Штип, а има потенцијал да отвори нови 250 работни места.

Сопственикот на фирмата „ДИК Фагус“, Горан Јордев истакна дека оваа фирма е во сопственост на „Пеком инжињеринг“, која 30 години успешно работи во Штип.

-„Штип Сити Мол“ како проект го посветуваме на Штип, на регионот, на младите, на развојот и на убавата иднина. Проект, што ќе биде готов 2022 година и подразбира изградба на модерен бизнис центар со познати брендови на едно место и специфичен хотелскиот објект, којшто ќе биде огледало на квалитетот и дизајнот на нашите производи.

„Штип Сити Мол“ ќе претставува двигател на економскиот развој во нашиот град и пошироко во регионот, вели Јордев.

Истакна дека сакаат на граѓаните на истокот и југоистокот да ги донесат поблиску големите брендови и на едно место да понудат содржини карактеристични на модерното и урбано живеење.

– „Дик Фагус“ изминатите 15 години растеше и нескромно ќе кажам дека сме лидери во дрвната индустрија и една од првите дизајн ориентирани компании, која својот производ надвор од Македонија го продаваат под своја име и како македонски производ, вели Јордев.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешниот свечен старт на инвестицијата „Штип Сити мол“ рече дека овој објект е една нова пресвртница на градот, што ќе даде шанса за преку 250 нови работни места.

На свечениот почеток на изградбата на единствениот ваков мол на истокот присуствуваа и вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, потоа идниот градоначалник, Сашко Николов и бизнис партнери и пријатели на „Дик Фагус“ – Штип.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

Редакција

Сметките за парното греење во Скопје остануваат исти

Редакција

Бензините поскапи за 1,5 денари по литар, дизелот за два

Редакција