еМагазин
Image default
Локално

Почна увидот за причините за пожарот во „Глобал“

Увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ почна претпладнево во Струмица. Инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство влегоа во трговскиот центар и почнаа со истражување за причините за избувнувањето на големиот пожар.

Ова за МИА го соопштија од ОЈО Струмица, а почнувањето на увидот го потврди и Митко Димчев, инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој информираше дека пожарот е изгаснат и истражителите можат да почнат со работа.

Во пожарот, што избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот.

Пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба. Тој избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, вчера беше на увид по големиот пожар, најави организирање масовна солидарна акција за расчистување и за возобновување на „Глобал“, како и акција за финансиска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во „Глобал“ го гаснеле 61 пожарникари со 18 возила

(Фото) Во пожар изгоре поголем дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР постапува за случајот во кој момче во Куманово среде бел ден физички напаѓа девојка, а потоа тој е нападнат од друго момче

Редакција

Ученички од основно училиште консумирале екстази на екскурзија и се однесувале агресивно

Редакција

Го застрелал за да „расчисти“ расправија околу напасување добиток

Редакција