еМагазин
Image default
Бизнис

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена намалена за половина

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена. Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) вели дека цената е берзанаска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто.

-Ланската година на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со откупна цена од 300 евра. Оваа година цените се намалуваат, моментално се движат од 150 до 160 евра на берзите. Откупот во нашата држава се одвива по берзанска цена, вели Спасов.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прашање на МИА дали годинава ќе имаме доволно жито и на колкави површини се посеани, одговори дека сите мерки се насочени токму кон поддршката на домашното производство и како земја да не сме во голема мера увозно зависни.

Токму затоа активно го следиме еве во време жетвата на сите овие состојби на терен и затоа ја промовираме денес токму мерката, која што самите земјоделци, ја предложија на пот секторската група за жито која што неколкупати заседаваше овие денови, и беше веднаш прифатена од моја страна. Верувам дека Владата ќе ја усвои, со што со оваа мерка 12.000 денари по хектар ќе бидат насочени за сите оние коишто ќе остварат принос, рече Николовски.

Тој истакна дека информациите од теренот говорат дека на над 30.000 хектари кај јачменот се очекуваат приноси од три или повеќе тони по хектар.

-Јас очекувам околу 45.000 хектари под јачмен. Приносот секако дека ќе биде над три тона. Тоа значи дека оваа мерка мотивирачка ќе биде остварена односно ќе ја искористат најголем односно над 90 проценти од самите земјоделци. Потсекторската група, овие денови продолжува со работа, да ја следи состојбата, и да предложат мерки коишто се однесуваат на пченицата, вели Николовски.

Посочи дека Владата го донесе Интервентниот фонд оваа година за поддршка на земјоделството и потенцираше дека сме единствена земја која што имаме интервентен фонд, којшто може да се користи во било кој еден момент кога има потреба.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИК „Свети Николе“ го доби тендерот на МВР за набавка на свежо месо вреден 479.000 евра

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Драган Илиевски e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Редакција