еМагазин
Image default
Локално

Подгответе се за сообраќаен хаос: Во Скопје посебен режим од денеска до петок

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник од Косово со автомобил удрил во 17-годишна девојка и 18-годишно момче во Скопје

Редакција

Родители однеле починато бебе во Итна медицинска помош во Неготино

Редакција

Тетовчанец физички нападнал двајца полицајци

Редакција