еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Акција на МВР и Интерпол: Внимавајте при купување на половни автомобили увезени од странство

На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

– При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против синот на Муса Џафери кој физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција

(Галерија) Патека за одење боси во Градски парк: Волонтери од Германија направија преубаво катче

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавени двајца

Редакција