еМагазин
Image default
Македонија

Поглаварот на ИВЗ и Ангелов со заедничка осуда за скандирањето „УЧК„ и „Голема Албанија„ на протестот за „Монструм“

Во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска в.д.директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, остварија средба со претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реисул улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје.

Искажуваќи големо признание на реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Ангелов, како што стои во соопштението, изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат.

Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во земјава и искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата се дел од работите што се согласиле тројцата соговорници.

– Заедничкото осудување на радикализмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи, информираат од ЦУК.

На средбата, во седиштето на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, претседателот на ИВЗ, реисул улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи го изразил своето задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управување со кризи.

Тој посочил дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Едноставно, тој посочил дека добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандирање УЧК, димни бомби, камења за полицијата и погрдни зборови за Фетаи на протестот за подршка на на обвинетите во „Монструм“

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, тврди Милошоски

Редакција

(ВИДЕО) Јавна порака на Пешевски до Груевски: Врати се во Македонија!

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Прифатливо е спојувањето на СЈО и ЈО, Русковска не

Редакција