еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата истражува како дошло до експлозија во фабриката „Сувенир“

Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи синоќа околу 16,10 часот. Според СВР Битола нема повредени, ниту загинати во експлозијата. Ситуацијата е стабилизирана, пожарот е локализиран.

При синоќешната посета на фабриката, никој на влезот не сакаше да зборува за случајот, туку само упатуваа на истражните органи кои треба да си ја завршат работата.

Во Самоков, во близината на фабриката, локалната жителка Светлана Божиноска само ни изјави дека и тие нешто слушнале, но не знаат никакви детали, ниту пак што се случува во фабриката.Според неа, раководството на фабриката доцнело со платите.

-Не ја слушнавме експлозијата. За неа дознавме по повеќе од еден час, кога стигна полиција од Македонски Брод, а и противпожарни возила. Знам само, како што велат жителите, имало експлозија пред влезот на еден од старите погони. Ова се нема случено 20-ина години. Тогаш имаше иксплозија и трагични последици, со загинати. Летово во фабриката беа вработени околу 150-ина луѓе, најголемиот дел од Самоков, другите од Македонски Брод. Ни беше чудно што ова се случува во недела, кога, освен чуварите, немаше никој.Во петокот се штрајкуваше зошто доцнеа платите и имаше ветување дека за неколку дена ќе се обезбеди плата. Има ново раководство, а со фабриката раководи некоја чешка фирма. Лично, експлозијата не ја слушнав, раскажува Божиноска.

Случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ го истражува полицијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничен избегал од пред Кривичен суд

Редакција

Убава вест: Оздравени 30 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.516

Редакција

Шеснаесет новозаболени, еден починат од Ковид-19 во Куманово

Редакција