еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на државата

Собранието на денешната 117 седница ја донесе предлог одлуката за продолжување кризната состојба на дел од територијата на државата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти.

Пратениците со 73 гласа „за“ ја усвои „Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од светската здравствена организација SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кој се загрозува безбедноста и имотот на населението“.

Ова е ново продолжување од шест месеци на одлуката донесена пред повеќе месеци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Редакција

„Само во Македонија“: Нефи Усеини повика на протест за рушење на дивоградбите пред општината во која е советник

Редакција

(Фото) Ве набљудуваме: Русија испрати „честитка“ до НАТО со координатите на центрите на моќ

Редакција