еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Променливото време ги полни здравствените амбуланти

Променливото време и  честите врнежи од дожд, ги полнат со пациенти амбулатните на матичните лекари. Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина и летото во ПЗУ „ д-р Миташев“-Штип вели дека главоболка и малаксаност, се некои од најчестите проблеми, а најмногу се појавуваат кај оние пациенти, кои веќе примаат некаква терапија. Во ваков случај лекарите советуваат редовно примање на терапијата.

-Видовме дека некако летото задоцни и поради сите овие климатски промени, еве, да кажеме, поминувајќи низ неколку периоди во текот на денот со врнежи, сонце, облачно, секако дека организмот на сите ни реагира, на некои повеќе, на некои помалку.

Меѓутоа, едни од најчестите симптоми се главоболката, малаксаност, хипотензијата, односно низок крвен притисок. Оние што се метеопати најмногу ја посетуваат нашата амбуланта и овде даваме совет. Оние што веќе имаат хронична терапија, редовно да ја примаат, особено оние што имаат проблем со крвниот притисок, вели д-р Митрова.

Препорачува дека физичката активност може да помогне за ублажување на симптомите на главоболка и малаксаност кај оние кои се здрави. Се препорачува и лесна и здрава храна, наместо обилни оброци.

-Соодветна хидратација и блага физичка активност за оние што можат. Да се избегнува зачинета, многу солена храна, хидратација, свеж зеленчук и свежо овошје, што овој период изобилува, да биде едно основно мени без мрсни и обилни оброци, рече д-р Митрова.

Таа додава дека за метеопатите препорачливо е да се поминува време на свеж воздух, лесно пешачење, со цел да се подобри циркулацијата и да се спречи влошувањето на тековните состојби.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Редакција

Насилната малолетна велешанка за два дена малтретирала две малолетни девојчиња, со родител била на разговор во полицијата

Редакција

(Фото) Ковачевски му подари дрес и топка на Рама

Редакција