еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Насилната малолетна велешанка за два дена малтретирала две малолетни девојчиња, со родител била на разговор во полицијата

Дванаесетгодишна велешанка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години, додека тоа и се јавувало на телефон на мајка и и барало помош. Други девојчиња наместо да му помогнат на нападнатото девојче го снимале вознемирувачкиот настан, а видеото се шири на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Девојче од Велес нападнато од врсничка, други наместо да помогнат снимат

Случајот во полиција бил пригјавен вчера, а се случил 17-ти овој месец околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека пријавеното девојче за два дена злоставувало две малолетни двеојчиња, како и дека полицијата во соработка со Центарот за социјални работи работи на овој случај.

Тој, исто така, информира дека од граѓани било пријавено оти и наредниот ден – на 18 април околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.

-Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.

Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете, појасни Додевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет и четиригодишен пациент од Кочани побегнал од штипската модуларна болница, набргу е вратен назад

Редакција

Македонија потпиша Меморандум за 5Г мрежа со САД

Редакција

(Фото) Бранко Црвенковски во препознатлив елемент на „претседателска“ вечера во Скопје

Редакција