еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стипендии за HR Академијата на Clear View Бизнис Трениг Центар

Отворен е повикот за стипендии за есенската генерација за 2018/2019 година за HR Академијата на Clear View Бизнис Тренинг Центар. Се доделуваат две целоси и четири делумни стипендии.

Вредноста на целосните стипендии е 1.600 евра колку што чини посетата на целата HR Академија. Целосната стипендија ги покрива предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од септември 2018 до јуни 2019.

Ова е одлична можност за стипендирање за кандидати кои се посветени, кои имаат позитивен став и се отворени за постојан личен развој.

HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип. Знаењето кое се стекнува е применливо веднаш по завршување на Академијата

Како да аплицирам за стипендија за HR Академијата на Clear View Бизнис Трениг Центар?

Побарајте ја апликацијата за стипендија на [email protected] и пополнета заедно со Вашето CV пратете ја на [email protected] најдоцна до 10 септември.

Повеќе детали за апликацијата за стипендија се достапни на веб страницата на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центарот. Краен рок за апликација за стипендија е 10 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Telekom Electronic Beats Weekender: Подгответе се за продолжен викенд со клупска музика

Редакција

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

Редакција

Лајонсите прегледаа повеќе од 30.000 деца за вид

Редакција