еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“, пишува на врамениот дрес кој Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го доби од организацијата „СОС Детско село“ по повод примо-предавањето на донацијата.

Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на РФМ, изнесува 1.372.550 денари, сума која ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.

Трошоците за реализација на настанот, покриeни се од страна на Ракометната Федерација на Македонија и нејзините спонзори.

-Посебна благодарност во оваа насока, Македонската куќа на ракометот, би сакала да упати до: „Триглав Осигурување“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Халк Банка“, „Пивара“, „Никоб“, „Македонската Телевизија“, „ТВ Телма“, „Проевент“ и „КЛС“; како и до сите македонски уметници, компании и индивидуалци кои сесрдно ја прифатија поканата за учество во настанот без авторски или друг вид на надоместоци.

Ракометната Федерација на Македонија во оваа прилика би сакала посебно да се заблагодари на бројната публика во арената „Борис Трајковски“. Спектаклот „Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот.

Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.

Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!, велат од РФМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија: 91 отсто помал ризик од зараза со месеци по прележан Ковид-19

Редакција

Војник повреден од колега, при примопредавање на смена и проверка на оружје во касарната Илинден

Редакција

(Фото) Воената морнарица во Лисабон со плотуни го поздрави доаѓањето на Шекеринска: Македонија и Португалија за првпат почнуваат соработка во одбраната

Редакција