еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 164 лица, од нив приведени 122

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на цела држава на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извор од ДУИ: Предвремени избори во јуни, ако нема датум за преговори

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 од нови кластери во Струмица

Редакција

Нови 127 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција