еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

На предлог на Министерството за надворешни работи, на вчерашната седница на Владата е усвоена информација за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедсвтво и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија одржан во Софија на 10 јуни 2019 година, информираат од Владата.

“Министрите беа информирани дека двете страни го разгледале Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја се донесени следните одлуки:

Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил.

Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува.

Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Република Бугарија и за 6 одделение во Република Северна Македонија (праисторија и античка историја).

Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за 6 одделение во Република Бугарија и 7 одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.

Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен “придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани”“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема ниту една табла со името Гоце Делчев. Бедотии…“: Твитер реакции за името на автопатот Миладиновци-Штип

Топло-ладно од Захариева: Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и треба да не обединува

„Како Гоце Делчев „исчезна“ од химната на Северна Македонија“: Тамара и македонската химна топ тема во регионов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анди Исмаили од Гостивар светски шампион во современ танц за деца

Редакција

Што му пишува во биографијата: Кој е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски

Редакција

(Фото) Шекеринска, Царовска, Богоевски: Кои политичари дадоа подршка на Парадата на гордоста

Редакција