еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што му пишува во биографијата: Кој е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана синоќа на предлог на партискиот претседател Христијан Мицкоски, за нов генерален секретар на партијата го избра Ѓорѓија Сајкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот Ѓорѓија Сајкоски

Кој е Сајкоски

Сајкоски е роден во Кичево.

Тој е доктор на историски науки.

Политичка кариера

Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Сајкоски бил претседател на Совет на Општина Кичево од 2009 до 2013 година.

Бил и заменик министер за локална самоуправа и директор на ЈП „Студенчица“.

Тој извршувал и повеќе партиски функции, меѓу кои и претседател на Месен комитет Девеана од 2004 до 2008 година, претседател на Комисија за култура при Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2010 до 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ избра: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на партијата

Фото: Фејсбук/Сајкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа осум лица, дополнително пријавени уште шестмина

Редакција

Макрадули: Со палењето на бадниковите огнови, не треба да се има дилема кој најмногу загадува

Редакција

Нови 140 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција