еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Топло-ладно од Захариева: Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и треба да не обединува

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за „БТВ“ изјави дека револуционерот Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува.

На прашањето чиј е Гоце Делчев – на Бугарија или на Македонија, министерката рече дека Гоце Делчев е заеднички.

„Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија.

Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева: Бугарија нема да поставува нови услови за старт на преговорите со ЕУ, но да се решат историските спорови

Бугарската министерка Захариева: Гоце Делчев сам се изјаснил како Бугарин, нема да правиме компромис со вистината

Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?

(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управниот суд ги одби сите 101 тужби од Левица

Редакција

Ќе го потпише ли Иванов Законот за амнестија?

Редакција

Прашина и песок од Сахара, времето за викендов топло и мачно

Редакција