еМагазин
Image default
Македонија

Од кабинетот на Пендаровски бараат Антикорупциска да ги расчисти сите сомнежи околу Еролд Муслиу

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска по обвинувањата изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за наводен судир на интереси од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу побара Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да ги провери наводите.

Од Кабинетот укажуваат и на политичка одговорност од, како што потенцираат, објавување непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на државата.

„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш“, се вели во реакцијата.

Воедно, додаваат од Кабинетот на претседателот, укажуваме на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство.

Фото: Алсат-М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за референдумот

Редакција

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување

Редакција

Лани 124 лица загинале во сообраќајки, 3.834 биле повредени

Редакција