еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Прашина и песок од Сахара, времето за викендов топло и мачно

Времето за викендов ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Сахара, која ќе донесе облак од прашина и песок.

Во недела и во понеделник, ќе има повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, со брзина и од над 60 км/час.

Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 449 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили за да наплати данок

Редакција

МВР растури приватна забава во викендица во Волково, приведени 29 лица

Редакција