еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 50 лица, 42 приведени

Во изминатото деноноќие 50 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење.

Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци на МВР, за изминатото деноноќие, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што информира МВР, извршени се контроли кај лица кои се во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Редакција

Пендаровски не прави ревизија на судската одлука, Мицкоски не бара амнестија, туку правда за осудените за „27 Април“

Редакција

195 нови случаи на Ковид-19 од 2.249 тестови, 29 се реинфекции

Редакција