Бугарската влада наменила 500.000 лева (256.000 евра) за финансирање проекти на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на организации на граѓани на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, а парите ќе бидат исплатени од буџетот на бугарското Министерство за надворешни работи за 2020 година, соопшти ова министерство, пренесува meta.mk.
„Ова решение треба да им помогне на организации за зацврстување на нивната структура, создавање можности за проширување на нивната дејност и за зачувување на бугарскиот идентитет во заедниците во странски земји, како и ја нивното јавно присуство во соодветните држави.
Тоа е потврда на доследната политика на владата на Бугарија за гарантирање и остварување на правата и интересите на бугарските заедници во странство, со почитување на месното законодавство и нормите на меѓународното право“, се вели во соопштението.
Истовремено, бугарската влада доделува 34.372 лева (325.000 евра) за 10 проекти во Северна Македонија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, Ерменија и Виетнам, како неповратна финансиска помош.
„Проектите се насочени кон подигнува на квалитетот на образованието и гарантирање рамноправен пристап во услови на мултикултурна средина во земјите-партнери. Проектите ќе помогнат за разработка на мерки за подигнување на капацитетот на малото и средното претприемништво, потпомагање на демократијата и изградба на активно граѓанско општество преку поттикнување на активноста на младите“, соопшти бугарското министерство за надворешни работи.
Мета