Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
„Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.
Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите што се пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, вели Филипче
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.