еМагазин
Image default
Македонија

Поради 8 здравствени работници кои заболеле од Ковид-19, штипска Кардиологија и Физикална терпарија не примаат пациенти

Поради осуммина здравствени работници, кои се заразени со коронавирусот на одделенијата за Кардиологија и Физикална терапија во Клиничка болница – Штип не се примаат пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција рече дека лекари и медицински персонал од одделението за Кардиологија се во превентивна изолација, за неколку дена ќе им биде извршено тестирање, по што ќе се знае дали ова одделение ќе продолжи со работа.

Ѓеорѓијев вели дека сите здравствени установи од источниот регион се информирани пациентите да ги испраќаат на лекување на Клиниката за кардиологија во Скопје.

На одделението за физикачна терапија сите тројца лекари се заразени, а имаат и двајца од здравствениот персонал. Таму за десетмината пациенти се грижат медицински сестри.

– Постојано сме во контакт и во координација со лекарите, кои се во изолација и по нивна проценка ќе процениме дали тие можат да останат, со оглед на дијагнозата и клиничката слика и понатаму, бидејќи медицинските сестри се таму и прават третмани на физикална терапија или доколку што е многу пожелно можат да бидат испишани на домашно лекување, вели Ѓеорѓијев.

Досега се вакцинирани 35 здравствени работници во Клиничка болница – Штип, а процесот на вакцинација ќе продолжи утре.
– Очекувам во наредните денови, сите оние кои се пријавиле од Клиничка болница, а тоа е некаде околу 160 според последниот список и оние 35 кои што веќе завршија, значи околу 190 луѓе се пријавени за вакцинација против корона, вели Ѓеорѓијев.

Тој негираше дека ренгент и апаратот за операција на катаракта не работа. Поправката е извршена и се ставени во функција. Посочи дека инсулин има и не е вистина оти дијабетичарите немаат терапија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 438 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 200

Редакција

Бугарските барања засега не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од состанокот во Берлин

Редакција

Повторно закани за поставени бомби во осум училишта во Скопје

Редакција