еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради доцнење на изведбата, Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето на штипската Клиничка болница

Министерството за здравство потврди дека Банката на Советот на Европа, која беше финансиер на изградбата на новата Клиничка болница во Штип најавила дека ќе се повлече.

Во одговорот на Министерството се наведува дека повлекувањето е со оглед на тоа што има доцнење на изведбата на болницата, а како резултат на судски процес и блокада меѓу изведувачот „Интеркат“ и првичниот подизведувач, градежната компанија „Бетон“ од Штип.

–За жал затекнавме процес на изградба со нецелосен проект кој доведе до судски спор во кој Министерството за здравство не учествува, а со тоа и стопирање на изградбата на Клиничка болница- Штип. Проектот се обидувавме да го коригираме.

Во договор со Министерството за финансии изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор, на што Министерството за финансии веќе работи, веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни, стои во одговорот од Министерството за здравство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција покажа документ од банката, во кој како што прочита, се вели  дека поради спората динамика на изградба на објектот преостанатите 13,43 милиони евра ќе бидат прекинати.

Изградбата на новата болница чини 30 милиони евра, ова значи дека искористени се 55 отсто од кредитот, кој е одборен од Банката на Советот на Европа, а останатите 45 проценти за нејзина доизградба сега ќе се бараат од други финансиски извори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски забранил да се купуваат морска храна, бадеми и лешници во Владата, парите ќе бидат насочени за најранливите категории граѓани

Редакција

(ВИДЕО) Како изгледаше импровизираниот напад на Крушево

Редакција

(Видео) Тензично на Косово поради одлуката на Владата за пререгистрација на возила и лични карти

Редакција