еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради кризата, германските компании се фокусираат на земјите од регионот за набавка на сурови за производството – oдлична можност за македонските фирми

Пандемијата која ја предизвика корона вирусот доведе до прекин на многу синџири на снабдување, а со нападот на Русија врз Украина се случи следната меѓународна криза, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство

„Војната ги примора компаниите да се соочат со големи предизвици, тие се загрижени за своите вработени и деловни партнери, но истовремено мора да продолжат да произведуваат и испорачуваат сурови.

Затоа, претприемaчите ги искористија тековните случувања како можност да ја преиспитаат досегашната мрежа на добавувачи и да се отворат кон нови пазари. Фокус е ставен на пазарите за набавка на сурови кои се во близина.

Сепак нестабилните курсеви на валутите кои се користат во земјите кои не се членки на ЕУ, подолго време за добивање на одговори, тешкотии при комуникацијата, политичката и правна несигурности се клучни фактори на ризик со кои би се соочиле компаниите,“ вели Мартенс.

Тој додаде дека во заедничкиот вебинар организиран од Стопанската комора на Рајнхесен, Стопанската комора на Пфалц и Стопанската комора на Франкфурт на Мајна, се фокусирале на земјите од Бугарија, Хрватска, Македонија и Србија.

„Заедно со моите колеги од Германските стопански комори во Бугарија, Хрватска и Србија и експертите од Germany Trade and Invest, ги информиравме германските учесници за можностите кои ги нудат нашите пазарите за набавка на сурови и услуги.

Дополнително ги информиравме учесниците за предизвиците во глобалните синџири на снабдување ширум светот, а со нив ги споделивме и искуствата и советите за земјите за кои сме одговорни.

Седмицата пред велигденските празници ми беше исполнета со голем број на средби.
Имав можност да се состанам со директор на Технолошко индустриските развојни зони – ТИРЗ, Јован Деспотовски. На овој состанок зборувавме за германските инвеститори, како и за можностите за поставувањето на фотоволтаични панели на крововите на компаниите во ТИРЗ- зоните.

Интересна средба имав и со менаџментот на германската инвестиција Костал.

Костал повеќе од 6 години е во земјата и особено ме радува дека компанијата се одлучи ја прошири својата инвестиција со нови 25 милиони евра и да отвори 200 дополнителни работни места. Компанијата досега во Северна Македонија има вложено над 100 милиони евра,“ додава Мартенс.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Жбогар и Шекеринска на пастрмалија кај Бочварски

Редакција

Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Македонија и македонското малцинство во Бугарија

Редакција

Кој е Евгениј Пригожин, лидерот на руската платеничка група „Вагнер“ кој загина во авионска несреќа

Редакција